Вести Македонија Топ вести

Хоџа: Африм Гаши е избран за претседател на Собранието не врз основа на волјата на гласачите Албанци, туку врз основа на волјата на ВМРО – ДПМНЕ и на Мицковски

Никој не може да го спори правото на Европскиот фронт дека е легимен претставник на Албанци, Турци, Роми и други етнички заедници во државата, дециден е Аријанит Хоџа, Европски фронт, претседател на Европската демократска партија во вечерашното интервју во Топ Тема на Телма.

Според него Европскиот фронт предворен од ДУИ е апсолутен победник во одредени региони во државата.

  • Знаете какво е чувството на Албанците, кој да ги претставува, како во Југославија, рече Хоџа,Исто како во времето на Милошевиќ кога се бираа кои Албански се добри за системот. И ако вам ви изгледа претерано, ова се зборува меѓу граѓаните Албанци.

Според него „Вреди“ прифатила вазалски политика, потчинета политика. Што ќе им се дава од ВМРО – ДПМНЕ тие ќе го прават тоа. „Два дена пред избори заедно се фотографираа Мицковски и Таравари, па зошто не ги гласаа?“, праша Хоџа

  • Ова води до рушење на балансите за градење на меѓуетничка доверба. Африм Гаши е избран за претседател на Собранието не врз основа на волјата на гласачите Албанци, туку врз основа на волјата на ВМРО – ДПМНЕ и на Мицковски, бидејќи тој го нема легитимитетот на мнозинството, рече Хоџа.

Меѓудругото тој истакна дека спорното е тоа што се воведуваат уште три нови позиции, „па бидејќи ќе бидат 19 министерски места а 21 позиција, премиерот е дваесеттиот и генералниот секретар на влада е 21-от. Колкава е процентуалната застапеност на пет во 21 позиција, иако во Рамковниот договор пишува дека треба да има правична и адекватна застапеност“, истакна претседателот на Европската демократска партија.

  • Начинот на кој е направено тоа остава кај Албанците огорчено чувство на понижување, вели тој и додада дека ова нема да биде ни стабилно ни мирно владеење.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

ОЈО ги испитува причините за настанување на пожарот во Визбегово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе