Вести Македонија Топ вести

(живо)Хоџа во Топ Тема: Охридскиот рамковен договор е оставен за да може државата да се гради во тек на своето развивање

ДУИ со Меморандум дома и од стратешките партнери ќе бара поддршка да не оди во опозиција! Мајскиот договор, наспроти Уставот – колку се рални аргументите. Дали поделбата на автентични и неавтентични претставници на Албанците води до интраетнички тензии.

Во Топ Тема вечерва интервју со Аријанит Хоџа, Европски фронт, претседател на Европската демократска партија.

Охридскиот мировен договор е дел од Уставот и тој договор запре еден конфликт и мора да се почитува, вели Аријани Хоџа, претседател на Европската демократска партија. Во вечерашното гостување во Топ Тема на Телма тој истакна дека во услови кога државата нема друг уставен поредок и сме се договориле да се почитува, а Албанците и другите етнички заедници не можат да имаат мандатар и единствено што може да се почитува од страна на мандатарот кој редовно е до македонските политички партии е почитување на легитимитетот којшто извира од гласачите.

  • Ако ова се остава како такво, тогаш се поставува прашањето зошто би се организирале етнички заедници во етнички партии. Да потсетам дека во 2001 имаше и други барања од претставниците на етничките партии, а и македонските партии имаа други позиции. Ова е компромис и секој треба да попушти од своја страна и затоа прва и основна цел на Охридскиот рамковен договор е да не се дозволи мајоризација

Принципот победник со победник е воведен во специфички услови во 2008 година со извесен мајски договор. И тој којшто го крши тој принцип е токму ДУИ, прво во 2016, па 2020. Од каде кредибилитет и легитимитет која самата го прекршиле?

  • Кога зборуваме за Уставот, Охридскиот рамковен договор е оставен за да може државата да се гради во тек на своето развивање и да може реалноста да ја преточи во политички одлуки. Освен тоа што е Устав, закон има и право на обичај.

Топ Тема е во тек можете да ја следите на следниот линк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

ОЈО ги испитува причините за настанување на пожарот во Визбегово

Дејан Дејан

Блокада на влезот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе