Мечка со две мали мечиња среде пат. Видео со нив е постирано на платформата Х, со опис дека е во Маврово.
Во еден момент, додека се на асфалтот, тие ги забележуваат луѓето пред нив кои ги снимаат и уште двајца зад нив кои ги набљудуваат, по што мечката ги поведе мечињата во шумата.
Само што ми стигна од село Маврово
Паметен ја птестанав да одам
Шала на страна многу се накотија, и лани есента имаше проблеми, тек оваја ќе биде циркус
Треба контролирано намалување на број на мечки во националниот парк (врувам дека и на шара и пелистер е слично) pic.twitter.com/8znOlO1U4l
— Нешо (@nesosk) May 31, 2024
Проценките велат дека на територијата на националниот парк има околу 170 мечки. Нивниот лов е забранет во Македонија, иако се бележи тренд на нивно размножување во националните паркови.
Мечките сè почето се појавуваат и во населените места. Најалармантно беше лани во село Жировница, каде имаше случаи на напади од мечка врз домашни животни, но и обиди за влез во некои од куќите.