Вести Македонија

Гаши: Во 2025 кога ќе има избори за другите градоначалници да има и за овие кои станаа пратеници

Законот за локална самоуправа за кој е потребно двотретинско мнозинство, дали и тој ќе се најде на дневниот ред на првата седница со оглед на фактот што двајца министри се градоначалници како и барем еден пратеник Блерим Беџети со оглед дека Касами ќе остане градоначалник.

Во Топ Тема на Телма, собранискиот спикер Африм Гаши рече дека не е коректно да се оди на избори и тој мандат да трае осум месец, јас мислам дека не е уставно.

  • Не може граѓаните за еден мандат да гласаат за четири години, а некој само осум месеци да биде градоначалник. Ако се случи нешто, како оставките на градоначалниците кои ќе бидат министри, треба да се најде решение во согласност со уставот со кое ќе се апсолвира тоа прашање и 2025 кога ќе има избори за другите градоначалници да има и за овие. Потребна е политичка одлука на една политичка партија или на самите пратеници да се изјаснат по однос на овие прашања, одговори Гаши.

Тој рече дека не е запознат со измените на законот за локална самоуправа, кои наводно ќе содржат одредби за оценување на работата на градоначалниците и ќе има можност за нивно отповикување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе