Штип повторно ја покажува својата хуманост. Институции, невладини организации, пожарникари, здравствени работници, фирми од денеска почнаа со собирање на пари за лекување во Турција за штипјанката Сибела Омерова. Потребни се околу 70.000 евра за две операции и хемотерапија, Сибела е медицинска сестра во штипската болница, а пред извесно време откриен и е рак. Општина Штип за првпат ќе донира пари од Солидарниот фонд.
Горан Коцев татко на Христијан за кого во рекордно беа собрени пари за лекување, но за жал ја изгуби битката со ретката болест смета дека и овој пат Штип ќе ја покаже својата солидарност.
Ликовни уметници, како и тату мајстори се вклучија во хуманитарната акција за Сибела на кои и се потребни пари, да ја победи тешката болест.
Омерова веќе е на лекување во Истанбул, само турските лекари се нафатиле на операциите, а потоа ќе продолжи и со хемотерапија. За младата Сибела отворени се и телефонски линии.
Викторија Димитрова Јованова