Вести Македонија

Градоначалник Димитриевски денеска во Основниот суд Куманово

Максим Димитриевски се врати во салите на основниот суд Куманово. Денеска продолжи рочиштето, а обвинетиот кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски е осомничен за  злоупотреба на службена положба и овластувања, по кривична пријава поднесена од кумановските градежни фирми за случај со недобивање дозволи за градење згради во Куманово.

Одлуките беа прифатени од страна на Управниот суд, а постапка која се водеше во системот за е-градежни дозволи во општина Куманово, дополнително ќе се обработува од страна на судијата.

Двете градежни компании од Куманово „УПМ-ГРУП“ ДООЕЛ и „ХРОМАК Емил“ ДООЕЛ, сметаат дека Димитриевски ја злоупотребил функцијата градоначалник и ги оштетил, бидејќи истиот состав на совет и градоначалник во 2021 изгласале ДУП, во кој сакале да вложат двајцата инвеститори, подоцна истиот совет, на предлог на градоначалникот донел нова одлука за суспензија на ДУП-от, кој  се однесува на парцела во близина на гимназијата и школската амбуланта.

Димитриевски на првото рочиште во арпил оваа година, обвини за политички процес, нагласи дека го штити јавниот интерес и рече дека обвинението е монтирано и има за цел да го наруши неговиот дигнитет.

На наредните закажани рочишта на 17 и 19 јуни, годинава ќе се изведуваат вербални докази, делумно предложени и од обвинителството и од одбраната.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе