Вести Македонија

Преку разговор ќе ги надминеме проблемите со Грција, порачува претседателката Силјановска Давкова

Претседателката Гордана Силјановска Давкова порача дека има план како да ја убеди Грција дека освен уставното име, државата има право да го користи и само името Македонија.

Планот е градење на добрососедски односи. Планот е нудење почит и барање почит. И мислам дека како што во политиката треба да се трага по уметноста на можното ќе го направиме набрзо. Мојата прва изјава беше дека нема да одам по светот, дека сакам да се сретнам со соседите и мислам дека ќе го остварам тоа. Се разбира за разговор се потребни сите околу вас и ние немаме друг избор освен да разговараме. Дијалогот е здрава работа и ако нема взаемна почит нема да има резултат. Политиката бара дијалог и јас сум спремна да трагам по тоа и взамено да ги надминеме проблемите, порача претседателката.

Не очекува Грци веднаш да покрене постапка пред Меѓународниот суд во Хаг поради непочитување на договорот, откако во грчките медиуми се појавија такви најави.

Истиот тој меѓународен суд, каде ние бевме со Грција, пресуди во однос на членот 11 од привремената спогодба. Тоа е исто меѓународен договор. Не верувам дека веднаш ќе се оди на суд. Има градација во Преспанскиот договор. Прво се укажува, се разговара, се адресира прашањето до ОН и потоа се оди на суд. Пресудите на судот треба да важат ерга омнес, но тоа се случи во нашиот случај, рече претседателката Силјановска Давкова.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила Водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе