Вести Македонија

ВНИМАВАЈТЕ! ЦУК со апел до граѓаните кои одат на Водно

ЦУК ја пренесува информацијата од фирмата “Рапид Билд ДОО” дека заради безбедност, движењето на граѓаните во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар ќе биде регулирано и тоа во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, заради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод Делница Скопје – Тетово – Гостивар, во три последователни временски интервали од 30 мај до 22 јуни 2024 година:

на делницата од црквата св. Мина во Сопиште (км 17+401) до Полициска станица Глумово (км 28+400), од 30 мај до 12 јуни;

на делницата од Полициска станица Глумово (км 28+400) до селото Паничари, општина Сарај, (км 37+400), од 7 јуни до 16 јуни и

на делницата од селото Паничари, општина Сарај (км 37+400) до пред село Ларце, општина Желино (км 47+829), од 12 до 22 јуни годинава.

Во известувањето до ЦУК, “Рапид Билд” известува дека во согласност со законските регулативи и одобрената процедура за работа од инвеститорот и надзорот на проектот за изградба на магистрален гасовод Скопје – Гостивар, за време на изведување на испитувањето на цврстина и непропустност, пристапот на неовластени лица во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката е ограничен.

Од страна на ЦУК дополнително се информирани МВР, ДЗС, ЈП Национални Шуми, ЈП за стопанисување со пасишта, Град Скопје и општините Сопиште, Карпош, Сарај, Желино, Тетово, Брвеница и Гостивар.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе