Македонија

За Демири не важи Изборниот законик, втор разрешен директор во тек на изборен процес

Министерот за здравство, Илир Демири, не го прекршил Изборниот законик со разрешувањето на Шокаровски од клиниката за Кардиохирургија, соопштија од министерството. Оттаму се на ставот дека безбедноста на пациентите е приоритет и дека разрешувањето го правдаат со зголемена смртност на пациенти на клиниката, информација која министерот демири вчера на прес конференција само делумно ја потврди. Шокаровски и Ефтимова раководител на програмата за превенција на кардиоваскуларни заболувања се пријавени во обвинителството за злоупотреба на службената положба и овластувања. Шокаровски утре на прес конференција ќе ги презентира анализите околу стапката на смртност во Кардиохирургија

 

 

Министерот за здравство Илир Демири може да разрешува директори во текот на изборниот процес бидејќи станува збор за безбедноста на пациентите, сметаат од правната служба на министерството за здравство. Иако законите предвидуваат дека се до формирањето на новата Влада не може да се именуваат и разрешуваат функционери до здравство се на ставот дека имало зголемена смртност кај пациентите и затоа морало да интервенираат. Оттаму додаваат дека против директорот на државната Кардиохирургија доктор Марјан Шокаровски како и Александра Ефтимова раководител на програмата за превенција на кардиоваскуларни заболувања се пријавени во обвинителството за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Министерот за здравство д-р Илир Демири со разрешувањето на медицинскиот директор на Клиниката за државна кардиохирургија не го прекршува законот кога е во прашање безбедноста на пациентите. Во јавно-здравствената установа има зголемена смртност и покрај присуството на експерти од Дедиње, Србија. Разрешени се директорот Марјан Шукаровски и економистот Александра Ефтимова и истите се пријавени во Обвинителство за злоупотреба на службена должност, соопштија од министерството за здравство

Вчера пак на прес конференција Демири кажа дека испратил комисија во Кардиохирургија да ги испита наводите за зголемена смртност и дека тврдењата не биле потврдени односно имало незначително зголемен процент а разрешувањето го темелеше на пациенти кои не биле регистрирани во системот „Мој термин“ и нарушени меѓучовечки односи.

Ефтимова пак е разрешена бидејќи одбила да му достави извештај и список на ангажираните странски експерти на кои била плаќана дневница како што кажа од 700 евра а за кои има информации дека се од соседна Србија и затоа не знае дали тие воопшто имаат лиценци и исполнуваат услови.

Сега разрешениот медицински директор Шокаровски ги отфрли наводите за зголемена смртност и ја оспори правната можност тој да биде разрешен пред формирањето на новата Влада односно истекот на  изборниот процес.

Шокаровски и неговиот тим за утре најавија прес конференција на која ќе ги презентираат нивните аналитички податоци за кои Телма дознава дека се во спротивност од тврдењата на министерот за зголемена смртност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе