Вести Македонија Топ вести

Стоилковски: Преговарачкиот процес со коалиционите партнери се базира на принципи и е во напредна фаза

Преговарачкиот процес за идната влада се базира на принципи, пред се на евроинтегративниот процес, борбата против криминалот и корупцијата, како и од потребата од одредени реформи за забрзан економски развој, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој додаде дека во тој контекст ВМРО-ДПМНЕ внимава и на персоналните решенија кои што се нудат во коалициските преговори при што истите не треба да бидат ниту компромитирани на било кој начин и да се посветени кон работата и реформите кои што ќе следат.

„Засега она што може да се каже е дека преговорите се во напредна фаза, но се уште нема конечен договор и се до официјално моментот кога ќе може да се соопшти нема да соопштуваме никакви детали. Се разговара и за ресори кои што се од економска и политичка природа, но најважно е тие да ги прифатат принципите на Владата и генералните програмски определби“, појасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека во преговорите се внимава на квалитетот на самата поделба и на бројката која што ВМРО-ДПМНЕ ја има во освоени пратеници за овој парламентарен состав.

„Преговорите можам да кажам дека ќе продожат и во следните денови“, заклучи Стоилковски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Нема да има данок за немажени, сакав да поттикнам дебата

Дејан Дејан

Скопје со валцери го одбележа јубилејот на Јохан Штраус

Дејан Дејан

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе