Вести Македонија

Засега нема казни за вработувањето на договорците на Токсикологија само со потпис на еден директор

Засега без казни и санкции помина увидот во Токсикологија на Здравствените инспектори, а министерството за здравство ќе постапува доколку валидноста на договорите е исправна. Инспекторите констатираа дека директорката Бесија Иљази незаконски им ги потпишала решенијата на договорците со кои им се продолжува работниот однос до крајот на годинава. Меѓу вработените кои добија решение е и болничарот кој се обиде да лажира резултати на урина со наркотици, што предизвика низа рекации во јавноста.

„Што се однесува до потпишување на акти, децидно стои во Законот дека во договори за вработување треба да бидат потпишани од двајцата директори, и медицинскиот и организацискиот. Во овој случај се потпишани само од организацискиот директор. Законодевацот на предвидел глоба за вакви дејствија, и затоа инспекторатот ќе го испрати предметот до Министерството за здравство да ја провери валидноста на договорите за вработување. Министерството за здравство има ингеренции да постапува доколку не се валидни договорите“, вели Рената Младеновска ДСЗИ.

Ова беше трета вонредна контрола на Клиниката за токсикологија, откако во оваа здравствена установа се вработени договорците. Дел од вработените претходно алармираа дека 18 лица доаѓаат на работа иако им престанал договорот, па по пријава ДСЗИ изврши увид и констатираше дека незакоснки извршувале работни задачи и даде наредба да им биде забранет влезот.

Пред два дена директорката Иљази само со нејзиниот потпис, а не и со потписот на сега разрешениот медицински директор Данил Петровски им ги продолжи решенијата и тие останаа на своите работни места. Токсикологија ја тресеа низа скандали, од поплави, обиди за лажирања на резултати до зголемување на долговите.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Независните бараат од 20 до сто потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе