Ирска, Шпанија и Норвешка и официјално ја призна Палестина како независна држава. Ирскиот премиер Сајмон Харис на прес-конференција изрази надеж дека таквиот потег ќе го следат и други земји во наредниот период. Во ОН, сè поголема група на земји сега гледа потреба да се зајакне политичкиот глас на Палестинците на меѓународно ниво. Откако на Генералното собрание на ОН одржано на 10 мај, дури 143 од 193 земји членки на Генералното собрание гласаа „за“ резолуција за поддршка на палестинското членство во ОН, а 23 земји кои сè уште не ја признале Палестина како држава.
- Сега сакам да се осврнам зошто Норвешка ја признава државата Палестина и зошто го правиме тоа сега. Различни норвешки влади мислеа дека единственото трајно решение за конфликтот на Блискиот Исток мора да биде изградено на решение со две држави. Но, со Договорот од Осло, пред 30 години, стратегијата беше дека признавањето ќе дојде по мировно решение меѓу Израел и Палестина , развојот на теренот отиде во погрешна насока. Видовме дека теророт и насилството од Хамас и милитантните групи ја поткопаа довербата потребна за трајно мировно решение, рече Јонас Гар Сторе, премиер на Норвешка.
Шпански премиер Педро Санчез, од парламентарната говорница најави дека откако ќе се постигне консензус меѓу двете партии кои ја сочинуваат прогресивната коалиција на оваа влада, во вторник, на 28 мај , Шпанија во својот Министерски совет ќе го одобри признавањето на државата Палестина.
- Дојде време да преминеме од зборови на дело, да им кажеме на милионите невини Палестинци кои страдаат дека сме со нив. Дека има надеж. И да биде многу јасно дека без разлика колку ѕидови ќе се подигнат, без разлика колку села се бомбардирани и без разлика колку нелегални населби се изградени, земјата и идентитетот на Палестина ќе продолжат да постојат во нашите срца, во меѓународната законитост. и во идниот проект за Медитеран во хармонија, рече Педро Санчез, премиер на Шпанија.
Израел ги отповика своите амбасадори во Мадрид, Даблин и Осло. Исто така ги покани и амбасадорите на Ирска, Шпанија и Норвешка во Израел на разговор, на кој ќе гледаат снимки од киднапирањето на израелски војници на 7 октомври. Аналитичарите велат дека потегот на Норвешка, Ирска и Шпанија нема да ја промени состојбата на терен. Многу арапски земји сметаат дека ќе помогнат да се воведе ред и да се реконструира повоената Газа само доколку Западот ја признае државата Палестина како дел од тој политички процес. Но повеќето европски земји сè уште веруваат дека признавањето треба да дојде само како дел од долгорочното решение со две држави.
Билјана Ставрова