Вести Македонија Топ вести

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветар попладнево го зафати поширокиот кумановски регион. Во неколку села во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане имаше појава на град. Од регионалниот Центар за управување со кризи – Куманово информираат дека е пријавена штета на кров од викендица во Младо Нагоричане и уништени се родни дрвца, во липковско има пријави на штети на земјоделски површини.

На територијата на Општина Липково, во селата Липково, Отља, Оризаре и Слупчане во 18:15 часот почна да врне дожд, проследен со ветар и има паднато многу град. ЦУК известува дека има оштетено земјоделски садници и дека има оштетено автомобили од паднатиот град.

Според првите податоци добиени од Општина Липково, заради обилни врнежи во Косово се очекува зголемување на водостојот на Лепенец. Центарот за управување со кризи предупредува на внимателно движење покрај коритото на реката Лепенец.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе