Вести Македонија

Пандовски во „Топ тема“: Не верувам дека политичарите ќе се откажат од привилегии во име на борбата против корупција и добротодеење

Не верувам дека политичарите во овој момент ќе се откажат од привилегии во име на борбата против корупција и доброто владеење, меѓутоа доколку сакаат да обезбедат една независност и стручност на тие служби, тие би требале да се откажат од политички назначувања на раководни функции, со цел да се дозволи најдобрите луѓе во државата да дојдат на позициите со кои треба да раководат, рече Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Тука меритократијата, пред сè, треба да ја заземе главната улога, односно да се измери нивното постигнато, нивното образование, нивните квалификации и на еден поопшт избор, со јавни огласи, да се назначат тие места. На тој начин, не само што ќе се обезбеди стручност на тие раководни позиции, туку ќе се избегне и клиентелизмот кој тие назначени позиционери, да ги наречеме, го имаат кон оние кои ги назначиле“, смета Пандовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе