Вести Македонија

68% од Македонците сакаат во ЕУ, половина од населнието не им верува на партиите, а сите се согласни дека сиромаштијата е најголем проблем на земјата

Доколку се одржи референдум за влез на земјата во Европската унија 68 проценти од граѓаните ќе гласаат „ЗА“, но тој процент е драстично помал од оној во Црна Гора, Косово, Албанија и идентичен со волјата на граѓаните на Босна и Херцеговина, говори најновата анкета на Меѓународниот републикански институт изработена од февруари до март 2024-та.

Македонците се најдобро запознаени со концептот Отворен Балкан за разлика од соседите.

Поразновидни одговори дојдоа на прашањата за надворешната политика и како земјите треба да се позиционираат во однос на Западот. Очекувано, во Косово и во Албанија, над 80 отсто рекоа дека надворешната политика треба да биде само про-ЕУ и прозападна. Во Србија, 31 отсто подеднакво го поддржуваат и Западот и Русија.

Но, едно нешто го мачи целиот Балкан, а тоа е сиромаштијата и слабите економии на нивните држави.

Понатаму, тие не им веруваат ниту на оние кои ги водат. Како опозициски лидер Христијан Мицковски ги осовил симпатиите на испитаниците од 11 отсто за разлика од едноцифрените бројки на неговите колеги од власта. Нашите граѓани повисока оценка дале за странските политичари како Путин и Бајден, па дури листата фигурира и кинескиот партиски лидер Си Џипинг.

Над 80 отсто од испитаниците во сите земји сметаат дека корупцијата е сериозен проблем.

Одговорите се различни кога им се поставува прашањето – кој е најкорумпиран, а во Македонија изборот паднал на политичките партии, судството, парламентот, а премиерот и неговиот кабинет го добиле четвртото место со 8 отсто. Но, одговорите на граѓаните не биле паушални и одлуката ја поткрепиле со тврдење дека судството нема волја или желба да се бори против корупцијата, и таквиот став го делат 2/3 од прашаните граѓани.

За разлика од Косово, Црна Гора и Србија каде довербата во деморкатија е над 50 потсто, само 22 отсто до Македонците веруваат во национална безбдност, човековите права, слободата на изразување и состојбата со редот и правото.

Медиумите ја уживаат довербата кај граѓаните дома и во регионот. Во сите земји, повеќе од половина од испитаниците ја доживуваат слободата на медиумите како добра.

Во исто време, ширум Балканот, мнозинството луѓе велат дека се, или многу незаинтересирани, или донекаде незаинтересирани за политичките вести и информации. Телевизијата останува примарен извор на политички вести и информации во регионот, додека интернетот е втора најчесто користена платформа за информации.

Павле Беловски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе