Вести Македонија Топ вести

Брисел, Атина и Софија предупредија за постапката на Силјановска

Имплементација на Договорите со Грција и со Бугарија е она што го очекува Европката унија од Македонија. Ова е пораката која денеска од Брисел ја испрати портпаролот на Европската комисија, Петар Стано, за како што го нарече, несреќниот настан кога новата македонска претседателка, Гордана Силјановска Давкова, не го кажа уставното име на државата за време на церемонијата на давање заклетва како шеф на државата.

„Постојните билатерални договори треба да бидат имплементирани од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција и Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија, вклучително и неговиот Проткол. Ова се очекувањата од Европската унија“, изјави Петер Стано, портпарол на ЕК за надворешна политика.

Стано притоа рече дека пораките кои ги испраќа ЕУ и нејзините претставници се многу јасни дека Брисел очекува и се надеваме на соработка со новоизбраните власти во Македонија, претседателката и новата влада, за да се придвижи земјата напред и да ги испорача очекувањата кои ЕУ ги поставува кога станува збор за пристапниот пат на Македонија. Сепак, тој не сакаше да шпекулира, што доколку не дојде до тоа, односно продолжи ваквиот однос на властит во Македонија.

„Искрено, ние сметаме, очекуваме и веруваме дека новите власти ќе продолжат да испорачуваат и нема да навлегуваме во шпекулации што доколку тие не испорачаат. Тие имаат чиста почеток сега, тие имаат можност да ги убедат сите во ЕУ дека се посветени на европската иднина на својата земја и дека ќе направат се што е можно за успешно продолжување на пристапниот пат“, изјави Стано.

По вчерашната реакција од грчкото МНР за неупотребата на уставното име на државата од страна се огласи и грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, оценувајќи го таквиот потег на Силјановска Давкова, како незаконски и неприфатлив, кој го крши и Уставот на Македонија, поткопувајќи ја и нејзината иднина. Мицотакис ја повика силјановска Давкова да се откаже од правење маневри и да се  врати на законските обврски и на однесувањата кои произлегуваат од нејзината улога.

„Недвосмислено наведуваме дека нема да прифатиме вакви лапсуси. И повторуваме, дека секој напредок во билатералните односи, како и секој чекор на Скопје кон Европа, зависи од искреното почитување на договореното. Од правилната употреба на уставното име на соседната држава“, напиша денеска Мицотакис на својот фејсбук профил.

Од Бугарија пак стигна предупредување дека меѓународните договори треба да се исполнуваат и дека европската иднина на Македонија зависи од тоа. Претседателот на Бугарија, Румен Радев, со став дека Бугарија не прифаќа изјави и однесување кое противречи на Договорот за пријателство и добрососедство, но и на други меѓународни договори кои ги потпишала Македонија.

„Убеден сум дека европската перспектив на РС Македонија зависи од стриктното исполнување на меѓународните договори во кои таа е страна, како и од одобрената Преговарачка рамка од Европскиот совет во јули 2022. Преговарачката рамка, која, за информирање на одговорните инситуции во РС Македонија, нема да биде ревидиране“, напиша Радев на својот фејсбук профил.

Реакција денеска стигна и од македонското МНР од каде ја потврдуваат цврстата определба на земјата за недвосмислено почитување на Уставните одредби, како и сите меѓународно преземени обврски меѓу кои и Договорот со Грција, постетувајќи деак докму високот ниво на политички дијалог со Грција довело до членството во НАТО, старт на преговорите со ЕУ и продлабочување на стратешкото партнерство со САД.

Од МНР притоа повикуваат на внимателност од страна на сите политички чинители, особено на избраните државни функционери, при што задржувањето на евроатлантскиот курс на земјава претставува основен стратешки интерес и гарант за долгорочната безбедност и стабилност на земјата.

Тамара Грнчаровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе