„Правникот знае дека преземањето должност во непостоечка држава “Македонија” значи “преземање” на непостоечка должност“, напиша на Фејбук, Ивон Величковски, лидер на Либералната партија.
Тој истакана дека политичарот знае зошто така постапил и заклучува дека тоа е направено за провокација кон Грција и ЕУ, но штетно кон позицијата на сопствената нација, народ и држава.
Професорката и поранешна пратеничка Каролина Ристова Астеруд, на Фејсбук и честиташе на Гордана Силјановска Давкова со зборовите: „Прекрасен ден за македонската (женска) политичка историја! Да ни биде успешна Претседателката, за успехот на Македонија!“.
Прашана во коментари за тоа што мисли за тоа што претседателката Давкова не го изговори името Северна Македонија, туку само Македонија, Астеруд го напиша следниот одговор.
„Да бев јас на нејзино место, јас ќе го изговорев како што е, и како е потпишано во писмената изјава, тоа што е со правно-декларативна консеквентност. Не треба да се заборави дека заклетвата од правен аспект е декларативен чин, но сепак постои и се практикува како правна и политичка традиција, заради нејзината морална суштина и симболика, секако, наспрема граѓанството, но најмногу како внатрешен морален чин на индивидуата која ја дава заклетвата“, напиша Астеруд.