Вести Македонија Топ вести

Директна авиолинија Скопје – Крф од 1 јуни со „Ејџијан ерлајнс“

Директна сезонска авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје до Аеродромот Крф ќе биде воведена од 1 јуни годинава. Патувањето до оваа  летна дестинација ќе трае еден час и 15-тина минути, објави денеска ТАВ Македонија, операторот на македонските аеродроми.

На линијата Скопје-Крф ќе лета грчката национална авиокомпанија „Ејџијан Ерлајнс“, до крајот на септември, со две неделни фреквенции или секојa сабота (недела) и секој вторник (среда).

Времето на поаѓање, во сабота и вторник, од скопскиот аеродром ќе биде во 21:35 часот (локално време), а времето на пристигнување на аеродромот во Крф во 23:50 часот (локално време), додека времето на поаѓање, во недела и среда, од аеродромот во Крф ќе биде во 00:20 часот (локално време), а време на пристигнување на скопскиот аеродром во 00:30 часот (локално време).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе