Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека пожарот над село Вешала во Општина Тетово сè уште е активен и тоа на недостапен терен. Заради засилување на топлиот ветер и огнот, зафатена е букова шума.
Екипа од 10 вработени (ренџери) во Националниот парк „Шар планина“ од Тетово се отидени на терен за гаснење на пожарот. Од Националниот парк се бара и асистенција од другите надлежни институции што порано да се интервенира.
„Од терен е побарана итна воздушна поддршка заради неможноста пожарот да се стави под контрола, како и повеќе вода на располагање за тетовската пожарна“, наведуваат од ЦУК.