Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и Зијадин Села од Алијанса за Албанците, вечерва во Гостивар го потпишаа договорот за коалиција и заеднички настап на изборите во 2024 година.
Потпис за придружување на т.н. „Европски фронт“ ставија и првиот човек на Народното движење Скендер Реџепи, првиот човек на ДПА, Мендух Тачи и првиот човек на ЕДП, Аријанит Хоџа.
Договори се потпишани и со партии од помалите земји како Сојузот на Ромите, Турската демократска партија и Движењето на Турците.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.