Вести Македонија Топ вести

Слаба кадровска пополнетост на Ќафасан, само тројца полицајци во смена на Франгово, една кабина на Блато, работа во контејнер на Џепиште – Тошковски во посета на четири ГП

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во посета на четири полициски станици кои покриваат дел од граничните премини и граничниот надзор на западната граница, односно полициските станици Ќафасан, Франгово, Џепиште и Блато каде одржа работни состаноци со раководствата со цел непосредно да се запознае со нивната работа и проблемите со кои се соочуваат.

Како што соопшти МВР, полициската станица за гранични проверки Ќафасан каде е имплементиран системот „one stop“ се соочува со слаба кадровска пополнетост од само 37 отсто и не може да одговори на потребата од зголемување на бројот на активни ленти во една смена, нешто што е барање и од албанска страна. На овој граничен премин функционира и заеднички контакт центар со албанската полиција кој е имплементиран со финансиска поддршка на ЕУ и ОБСЕ.

Полициската станица за граничен надзор Франгово исто така се соочува со сериозна кадровска пополнетост и граничната линија од 23 километри за која се надлежни, а ја покриваат со само тројца полициски службеници во една смена.

„Особено ме загрижи она што го видов при посетата на Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Џепиште. Овој премин функционира со ограничено време на работа, а полициските службеници работат во контејнер со супстандардни услови, каде немаат вода. Исто така, во оваа станица не функционира систем за контрола и евиденција на патници и возила“, дециден беше министерот Тошковски.

Тошковски елаборираше дека на граничниот премин Блато дневно поминуваат во просек по 2.200 патници, а во една смена функционира само една кабина поради тоа што пополнетоста со полициски службеници е на ниско ниво од само 35 отсто.

Од страна на вработените во оваа полициска станица ми беше посочено дека се соочуваат со недостаток на униформи, а го истакнаа и проблемот со голем број на случаи со шверц на добиток и несоодветните услови за чување на одземените животни. Во иднина треба да се разгледа и можноста за воведување на „one stop“ систем и на овој премин, стои во соопштението на МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе