Вести Македонија

Пандовски во „Топ тема“: Недавањето на информации на ДКСК не само што е неетичко, туку е кршење и на закон

Недавањето на потребните информации на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), не е само неетичко однесување од имателите на тие возила, туку тоа е кршење и на законот, рече Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Самиот закон што за ова, за жал, не предвидува прекршочни санкции е голем недостаток, бидејќи кај нас на крај се сведува на трпењето на последици, односно казнувањето. И сега доколку постои можност за прекршочна пријава, а нема можност за казнување, односно санкции, тоа е голем недостаток кој и тоа како се одразува на однесувањето што сега го демонстрираат тие јавни институции“, вели Пандовски.

Ако се тргне настрана прекршочната одговорност, истакна Пандовски, „нивното однесување со недавањето на тие информации укажува на тоа дека истите можеби сакаат нешто да сокријат и не се транспарентни во нивното работење“.

„Тоа е многу лоша слика, особено сега пред изборите“, додаде Пандовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доцни сеидбата на ориз во Чешиново Облешево

Дејан Дејан

Коѕијас ја критикува грчката влада за неспроведување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Пред нас е милионски долг за враќање, ќе се искористи ли новата милијарда која се најави за  раздолжување?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе