Вести Македонија

Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска примил делегација на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Македонија, кои престојуваат во предизборна мисија во земјава.

Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, на средбата било разговарано за текот на подготовките на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија.

Делегацијата од ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа информираше за целите на нивната предизборна мисија, како и за нивните активности, очекувања и улога во изборниот процес. На средбата беше изразено очекување дека претстојните претседателски и парламентарни избори ќе бидат фер, демократски и во мирна атмосфера, во целосна согласност со националното законодавство и меѓународните обврски и стандарди, се наведува во соопштението.

Претседателот Пендаровски посочил дека како земја – членка на НАТО и земја која претендира да стане членка на Европската Унија, неопходно е на претстојните избори да демонстрираме максимална професионалност од државните институции и политичка коректност и зрелост од страна на сите политички субјекти инволвирани во изборниот процес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила Водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе