Вести Македонија Топ вести

Се товари за несовесно работење во службата – поднесено обвинeние против Рамиз Мерко

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против Рамиз Мерко за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в, став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга,на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа. Притоа, донел решение и за вршител на должноста именувал лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во членот 118 од Законот за основно образование, и немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа предвидено во членот 109 од Законот“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Така обвинетиот овозможил лицето да биде именувано на функцијата и да и се исплаќа плата како в.д. директор 19 месеци, со што на училиштето му била нанесена штета во вкупен износ на неосновано исплатените плати и придонеси.

Мерко, кој е член на ДУИ, е меѓу неколку македонски државјани кои завршија на црната листа на САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Нема да има данок за немажени, сакав да поттикнам дебата

Дејан Дејан

Скопје со валцери го одбележа јубилејот на Јохан Штраус

Дејан Дејан

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе