Вести Македонија Топ вести

Бошковска Георгиевска во „Топ тема“: Убивањето на кучиња, како мерка на АХВ за контрола на лајшманиоза, ниту е научно оправдана, ниту е етичка

Сите со кои разговаравме, професори, стручњаци, експерти, беа децидни – мерката за убивање на кучиња како контрола на инциденцата на висцерална лишманиоза во оваа земја не е научно оправдана, ниту е етичка, истакна Гизела Бошковска Георгиевска од Анима Мунди во вечерашната дебата на „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Во последните 20 години има акумулација на истражувања дека тоа не е никаква мерка на контрола. Втора работа, каква е таа мерка за контрола на лајшманиоза на Агенцијата за храна и ветеринарство, кога ние во Македонија од 70 општини, имаме 40 општини што третираат животни. Во тие други 30 општини немаме лајшманиоза? – Таму не се шири болест? – Каква е таа контрола, ако тие се замислиле дека ја вршат? – Тие 30 што не прават ништо, ќе ги заразат овие 40 што контролираат“, смета Бошковска Георгиевска.

Таа изрази уверување дека мерката за контрола не е никаква контрола.

„Барамне да се исклучи задолжителното тестирање за лајшманиоза и да се остави на проценка на ветеринарот, доколку кучето пројавува симптоми на таа болест. Едноставно е финансиски товар за самите претпријатија или операторите. Тоа куче мора да се залови и не смее да подлежи на никаков третман пред да стигне резултатот. Ако има проблем, може да се чека и 10 дена. Тоа тестирање е бесполезно, бидејќи не се врши никаква контрола“, изјави Бошковска Георгиевска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Нема да има данок за немажени, сакав да поттикнам дебата

Дејан Дејан

Скопје со валцери го одбележа јубилејот на Јохан Штраус

Дејан Дејан

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе