Лајшманиозата е дијагностицирана кај 123 лица во земјава, а за првпат е регистрирана во 1948 година, рече Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Болеста се јавува во две форми – кожна и висцерална. Поопасна е висцералната форма и ги напаѓа органите, пред се виталните, го зафаќа џигерот, коскената срж и Кожната се манифестиура со осип, чешање, големи пликови, чиреви на самата кожа што е навистина болно за тој што ќе заболи, и кучето и човекот. Ова е интерцелуларен паразит“, објасни Бабовски.