Вести Македонија Топ вести

Закажано судењето на Максим Димитриевски пред почеток на изборната кампања

Судот во Куманово за 2 април го закажа судењето на претседателскиот кандидат и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски по обвинителен предлог за злоупотреба на службената положба.

Првото рочиште е закажано на два дена пред почетокот на изборната кампања.

Димитриевски, кој е лидер и на ЗНАМ, е обвинет по кривична пријава поднесена од двајца кумановски бизнисмени, бидејќи во законскиот рок не го потпишал барањето за комуналии за изградба на згради во центарот на Куманово.

Двете фирми пријавиле дека на тој начин градоначалникот на Куманово им предизвикал штета од околу 55.000 евра.

Димитриевски, по поднесување на обвинението против него, ги обвини двете фирми за блиски врски со СДСМ, а прогонот го протолкува како политички реваншизам од страна на неговите поранешни сопартијци од СДСМ.

По негово барање, обвинителството одлучи да го смени обвинителот во предметот, за кого Димитриевски оцени дека е пристрасен. Обвинителството соопшти дека обвинителот во случајот е сменет за да се отстранат сите сомнежи изнесени во јавноста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Нема да има данок за немажени, сакав да поттикнам дебата

Дејан Дејан

Скопје со валцери го одбележа јубилејот на Јохан Штраус

Дејан Дејан

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе