Вести Македонија Топ вести

Уапсен 22-годишен скопјанец, превезувал петмина мигранти од Сирија

На регионалниот пат Демир Капија-Неготино денеска околу 5 часот полицијата уапсила 22-годишен скопјанец, кој превезувал петмина мигранти од Сирија.

Во акцијата, како што информираат од МВР, учествувале полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица и ПС за ГН Михајлово.

М.А.(22) од Скопје не застанал на даден знак од полициски службеници, но по преземени мерки и активности, возилото „пежо“  е запрено, а М.А. лишен од слобода, се вели во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот, против М.А. ќе биде поднесена кривична пројава до надлежното обвинителство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум пожари на отворен простор евидентирани во земјата – четири сè уште активни

Дејан Дејан

Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Дејан Дејан

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе