Вести Македонија Топ вести

Шлепер се превртел на патот кон Блаце, во прекин сообраќајот од Скопје кон Косово

Шлепер кој превезувал пластични производи рано утрово се превртел на кривина во планинскиот дел од патот Скопје – Блаце- Косово. Шлеперот е препречен на двете ленти поради што сообраќајот е во прекин.

Како што информираше МВР, нема повредени лица.

,,На 09.03.2024 год. во 06:50 часот на магистрален пат Скопје – граничен премин Блаце случена е сообраќајна незгода при што ТМВ МАН изгубил контрола и истиот се превртел на коловоз при што се зафатени двете коловозни ленти, повредени нема. Известени се ПС за ГП Блаце и сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци. На лице место се растовара роба од камионот од околу 25 тона пластика за пвц и присутна и служба од царина” наведуваат од Министерството за внатрешни работи.

Од АМСМ информираа дека сообраќајот од граница кон Скопје се одвива по алтернативен пат преку Чучер Сандево.

-Во 10:00 часот е овозможен влез во нашата држава само за патнички возила од ГП Долно Блаце и истиот ќе се одвива од с.Долно Блаце наспрема с.Чучер Сандево, соопшти АМСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелската војска соопшти дека го убила началникот на генералштабот на оружените сили на Иран

Дејан Дејан

Техеран треба веднаш да се евакуира – Трамп со порака на платформата „Вистина“

Дејан Дејан

Радев: Бугарија никогаш не ставила вето на евроинтеграцијата на Македонија, ниту ќе стави

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе