Вести Македонија Најважни

Бугарското МНР го повика македонскиот амбасадор на разговор

Бугарското министерство за надворешни работи го повикало македонскиот амбасадор во Софија да му изрази незадоволство поради, како што велат, лажни изјави дадени за соседната земја од страна на македонски политичари.

Од таму реагираат дека категорично се противат на обидот Бугарија и билатералните односи да се вклучат во внатрешната политичка дебата во Македонија, вклучително и во контекст на актуелната изборна кампања.

Обвинуваат дека одредени политички фактори во земјава користат провокации како изговор за недостигот на напредок пред своите граѓани.

Воедно ги повикуваат македонските политичари да покажат зрелост и да дадат конструктивен придонес во спроведувањето на политичките обврски преземени во 2022 година и строго да го почитуваат Договорот за добрососедство од 2017 година.

Реакцијата следува по изјавите дадени пред неколку дена од страна на претседателот Стево Пендаровски кој укажувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ шират лаги, изјави дека ако успеат да ги натераат Бугарите да го променат нивниот Устав и ако успеат Македонците кои се таму во огромен број да бидат признаени како национално малцинство, тој ќе биде првиот кој ќе се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ.

Шефот на државата во изјава укажа и на состојбата дека договорот со Бугарија не беше спорен цели три години, а стана проблематичен кога Софија под својата стара комунистичка националистичка гарда почна да измислува причини за блокада, кои во самиот договор ги нема.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе