Вести Македонија

Општеството ни е како растурено клопче, ковидот и пасошите ја покажуваат сета беда и неспособност – Јакимовски во „Топ тема“

Претседателскиот кандидат на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кој го одбработува четвртиот мандат како градоначалник на Карпош, вели дека „живееме во едно тешко време“. Изминатите осум години, според него, покажале дека ниту е лесно да се води влада, не е лесно да се води држава и дека луѓето кои доаѓаат на клучните државни позиции, не се снаоѓаат во таа ситуација“.

„Ситуацијата со ковидот и оваа со пасошите ја покажува сета беда на нашето општество, сета наша неспособност, дека ние, кој дел да го фатиме, демонстрираме крајна неспособност. Измисливме Специјално Јавно Обвинителство, Гледате како се посрамотивме со Специјалното Јавно Обвинителство, не само пред домашната јавност, туку и пред целата светска јавност. Се посрамоти судската фела. Значи нема подрачје во општеството во кое ние не се срамиме“, рече Јакимовски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

Тој го опиша опшеството како растурено клопче во кое никој не се обидува да фати еден дел и полека да почне да мота друго клопче и да се решаваат проблеми дел по дел.

„Докторите ни бегаат, образованието ни е на најниско ниво, нашите универзитети се над 2.000-то место во светот. Имаме сериозни безбедносни предизвици, незадоволство од државната адмнинистрација што ја наполнија трите најголеми партии – Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, истакна Јакимовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе