Вести Македонија

Земјоделците од овчеполието ќе протестираат ако до утре не добијат вода за наводнување на нивите

Над сто земјоделци од Овчеполскиот регион наместо на нивите деновиве тропаат од врата на врата низ институциите и бараат одговори зошто договорите за закуп на земјоделско земјиште не им се продолжени, иако лани навреме доставиле барање за нивно продолжување.

Од здружението „Овчеполски фармер“ денеска ќе достават писмо до ресорното министерство и доколку до утре до 14 часот не добијат одговор, во четврток излегуваат со своите трактори и земјоделската механизација и ќе ги блокираат патиштата и улиците во Свети Николе.

Претседателот на „Овчеполски фармер“, Ангел Стојчев вели дека бараат договорите да им се продолжат со анекс договори на 15 години. Новите елаборати  чинат од 30.000 до 40.000 денари, а дополнителни се и давачките кон Катастерот.

Според проценките на земјоделците станува збор за околу 2.000 хектари на кои се посеани пченица, јачмен, пченка, детелина. Но за овие култури овие земјоделци од втората најголема житница во земјва нема да добијат субвенции, бидејќи договорите за закуп на земјиштето не им се продолжени.

Викторија Јованова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рубикон си наплаќал по тендери и со одземена лиценца

Дејан Дејан

Два онколошки лека префрлени од болничка во примарна позитивна листа

Дејан Дејан

Дигитален упис во средно догодина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе