Нови четири случаи на голема кашлица регистрира Центарот за јавно здравје Скопје. Само еден од потврдените случаи е целосно вакциниран, другите два се делумно вакцинирани и 11-месечно бебе кое е невакцинирано.
Лицата со блага форма на болеста кои не знаат дека имаат голема кашлица, се заразни од појавата на првите симптоми. Заболените се најзаразни до околу 3 недели по почетокот на кашлицата.
Поради актуелната ситуација со болеста во земјава Комисијата за заразни болести за денеска има закажано состанок на кој се поизвесно е дека ќе бидат донесени нови мерки, имајќи ја предвид актуелната состојба со пертусис во Скопје, но и можноста големата кашлица да се рашири и во останатите градови во земјава.
Најверојатно ќе биде донесена и одлука градинките да не ги примаат невакцинираните или делумно вакцинираните деца.
Министерството за труд и социјална политика чекаат дополнително усогласување на насоките и заклучоците на Комисијата и на Министерството за здравство за да дејствуваат.