Вести Македонија Топ вести

Колку станови да се изградат, сите ќе се продадат – цената на метар квадратен во Штип достигнува и 1.200 евра

За две години во Штип се продадени над 650 станови. Ги купуваат мештаните, но и граѓани од други градови, како и странци. Најголем број од становите се продадени во 2022 година, вкупно 400, чија вредност се проценува од 20 до 30 милиони евра, а лани се купени над 250 станови. Општина Штип бележи и зголемување на приходите, по основ на даноци за 30%, токму од купопродажбата на становите. Со ова ставката во буџетот за данок на имот се зголемува.

Инвеститорите бараат и градежно неизрадено земјиште. За над две години се продадени осум парцели за згради низ населбите, каде се шири градот. Во моментов постапката за продажба на парцели е стопирана заради изборите.

Од Агенциите за недвижности велат дека колку и да се изградат нови станбени згради, сите станови ќе се продадат. Ова се должи на тоа што Штип е интересен за инвестирање во недвижности, поради тоа што е универзитетски и економски центар на истокот.

Цената на становите се движи и од 850 до 1.100 , па и 1.200 евра за метар кавдаратен, во зависност од локацијата. Колку станот е помал толку цената е повисока, оти поголема е и побарувачката. Цените  на становите во изминатиот период бележеа пораст и во Скопје, каде што централното градско подрачје достигнува и до неверојатни 2.300 евра за метар квадратен.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе