Вести Македонија Најважни

Алијанса како предизборен мегдан, Мицкоски ги обвини СДСМ и ДУИ за мешање во внатрепартиски работи

Претседателската фотелја во Алијанса за Албанците „виси“ и неизвесно е каков ќе биде епилогот на превирањата во партијата. Највлијателниот партиски кадар се подели на два табора – едните се со Таравари насочени кон опозицијата, а другите со Села и притискаат за самостоен настап на изборите.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денес ја коментираше политичката состојба помеѓу партиите на албанците. За поделбите во Алијанса, Мицкоски тврди дека се резултат на директно мешање на партиите на власт, во внатрепартиските релации.

  • Ние не се мешаме и седиме на страна затоа што непримерно е тоа што го прават СДСМ и ДУИ. Тие директно се вклучени во случувањата во Алијанса за Албанците. Навистина сум шокиран од таквото однесување од страна на првенците пред сѐ на Демократската унија за интеграција и СДСМ. Но, тоа е нивна работа, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Претходно и од крилото на Таравари ја посочија Демократската унија за интеграција како виновник за расколот во Алијанса. Партиските неистомисленици ги нарекоа „тројански коњ на ДУИ“.

Вчера, делегатите на Централното собрание на Алијанса на Албанците очекуваа отчет од Таравари за политиките кои ги застапува. Тој не дојде, по што претседателот на Собранието, Зијадин Села, го обвини за грубо кршење на Статутот и соопшти дека е покрената иницијатива за негова смена на Конгрес следната недела.

Таравари возврати со тоа што најави официјализирање на коалицијата со тројката опозициски партии од албанскиот блок. Лидерот тврди дека ја има поддршката од партиското мнозинство, во намерата да ги здружи силите со Алтернатива, БЕСА и Демократско движење.

„Инаку за партијата си велам некако да ја продолжиме таа дебата, повеќето членови на централното претседателство, централното собрание изгласаа, таму сме 60%-40% за мојата идеја, меѓутоа во народот сме 90%-10%. Зборувам за симпатизери – гласачи на Алијанса за Албанците. Ова е ураган, не запира ќе видите. Ова е дух кој што е создаден, изјави претседателот на АА, Таравари.

Претходно и претеседателот на СДСМ и доскорешен премиер, Ковачевски, се осврна на превирањата во Алијанса за Албанците.

„Мислам дека господинот Таравари не е клучен за иднината на државата“,  искоментира Ковачевски пред да заклучи дека тој само прави свои политички калкулации.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе