Вести Македонија

Жешки еколошки теми во Југоистокот за 2024

Да се спречи отворање на рудникот за злато и бакар кај Иловица, струмичко, да нема изградба на нови хидроцентрали на Кожув, планината да почне процедура за прогласување Национален парк и да се преземат мерки за намалување на загадувањето во Струмица.

Активистите седум години незапирливо се обидуваат овој регион да остане зелен и без опасност од злоупотреба на природните ресурси, но фронтовите на кои се борат значително се зголемуваат од година во година.

Долгиот и исцрпувачки процес што го води  државата со концесионерот на рудникот Иловица, Еуромакс рисорсис, пред Управниот и Вишиот управен суд на секои неколку месеци доживува пресврт, а активистите ги зацврстуваат своите убедувања дека нема да дозволат отворање на рудникот.

Истовремено ги притискаат инситуциите да почнат да дејствуваат против загадувањето во Струмица, кое според нив, во голема мера се должи на индустриските објекти и неревидираните еколошки дозволи со кои работат повеќето капацитети.

На крајниот југоисток, пак, почната е иницијатива за прогласување на Кожув за национален парк. Последните години таму се спречија геолошки истражувања на земјиштето за отворање рудници, а лани се бореа и против отворање на две нови мали хидроцентрали закои сметаат дека целосно ќе ги исушат речните корита и ќе го наруштат биодиверзитетот.

Иницијативата за прогласување на Кожув за национален парк не е нова. Се појави како идеја уште кога Гевгелија организираше локален референдум за случајот со рудниците на оваа планина, а активистите го гледаат како спас од инвеститорите кои гледаат економска добивка во користењето на природните ресурси.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе