Вести Македонија Топ вести

Дрин Ахмети: Пиротехничките средства беа легално купени, подароците беа за моите внуци и внуки

Подароците во автомобилот беа за моите внуци и внуки, а пиротехниката беше легално купена, изјави внукот на Али Ахмети и еден од сопствениците на ТЦ „Соравија“, Дрин Ахмети во чиј џип, при претрес, полициските „тигри“ пронајдоа 749 пиротехнички средства чија продажба во земјава е забранета.

Кривичниот законик е јасен – набавка и држење на распрскувачки материи е кривично дело. Ако предмет на делото е поголемо количество на распрскувачки материи наменети за дозволени забавни, свeчени и други активности, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години, пишува во Кривичниот законик. А, ако случајот се третира само како прекршок, според Законот за прекршувања на јавниот ред и мир, за употреба на пиротехнички средства казната е од 100 до 250 евра.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека сега случајот е кај Јавното обвинителство. Од таму велат дека се чека вештањето на запленетата пиротехника од џипот на Дрин Ахмети. Потоа ќе се цени дали има доволно елементи за кривична одговорност или ќе помине со прекршочна казна.

Дрин Ахмети беше уапсен на ден пред Нова година во близина на Старата скопска чаршија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе