Вести Македонија

Се радикализира атмосферата во Собранието поради  неизборот на седмиот член на ДИК

Се радикализира атмосферата во Собранието поради  неизборот на седмиот член на ДИК. Еден од лидерите на Европскиот сојуз за промени, Африм Гаши, се закани дека доколку до 31 декември не биде избран нивниот кандидат, тие ќе го бојкотираат Парламентот, а потоа, може да го проблематизираат и целиот изборен процес.

ВМРО ДПМНЕ им дава поддршка, но се колеба дали да ги повлече своите двајца претставници во ДИК поради идејата за надградба на системот на гласање со отпечаток. Христијан Мицкоски се сомнева дека предлогот до Собранието да се испратат два предлога за член на ДИК ќе придонесе местото да остане непополнето.

Односно, да нема двотретинско мнозинство ниту за Абдуш Демири од БЕСА ниту за Зулфи Адили од Алијанса, кој е предложен од Европската демократска партија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе