Вести Македонија

Меџити: Шалтерскиот работник од Клинички центар со цигара на работното место ќе биде санкциониран

Само два дена по изјавата на министерот Меџити дека пушачите треба да му ја мислат што понатаму во 2024, на социјалните мрежи масовно се споделува фотографија на која може да се забележи шалтерски работник во Клинички центар кој на своето работно место пуши цигара и во исто време работи со документи на пациентите. Министерот за здравство рече дека истиот ќе биде санкциониран, но прво да докажат менаџерите, ќе има дисциплинска комисија, со почитување на сите мерки за здравствена заштита.

  • Го идентификувавме лицето денеска, синоќа доцна тоа го видовме . Еден многу совесен граѓанин, јас би рекол швајцарски граѓанин го пријави и така треба да постапиме сите да ги пријавиме овие нерегуларности и овие луѓе што не ги почитуваат законите и веќе е крајно време сите да внимаваат и најстрого ќе биде санкциониран од моја страна лицето за кое зборувате. Го идентификувавме сабајле и  ќе постапиме со сите законски мерки кои ги имаме- Фатмир Меџити, министер за здравство.

Меџити за 2024 најави ригорозни мерки во борбата со пушењето,  додавајќи дека пушењето не е зависност туку лоша навика.

  • Ние сите сме патувале во странство во развиените држави и таму ги почитуваме сите закони и сите мерки затоа што се казнува. Ние не сакаме да звучиме ригорозно, казни ќе има но прво ќе кажеме дека не е во ред, дека треба превенција за овие лоши навики, кои на крајот на краиштата резултираат со многу лоши болести- Фатмир Меџити, министер за здравство.

На брифингот со новинарите Меџити најави двоцифрен број на нови лекови на позитивна листа многу брзо. Министерот рече дека многу труд бил вложен за трајно вработување на здравствени работници, кои по неколку години се работно ангажирани во здравството. Тој додаде дека до петок ќе го има конечниот одговор. Бројките биле усогласени со Министерството за финансии и Фондот за здравство, но, потребен бил уште еден состанок за дефинитивна одлука.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе