Вести Македонија Топ вести

Гарсија: По уставните измени можеби ќе има пречки и од други земји за Македонија

Пречките за Македонија во преговарачкиот процес со Европската унија можби нема да завршат со промената на Уставот, но тоа е условот кој земјата мора да го исполни за да премине во втората фаза од преговорите. Ова е ставот на амбасадорот на Шпанија во Македонија, Хозе Луис Лозано Гарсија, за тоа дали има гаранции дека по впишувањето на Бугартите во Уставот нема да има нови барање од Софија. Гарсија во интервју за Радио слободна Европа и со порака дека за европскиот пат на земјава да продолжи уставните измени мора да се случат.

„Можеби ќе има други услови и барања од други земји, но на крајот работите ќе добијат друга димензија и важност. Што ќе значи ова? Дали ова ќе биде последна пречка? Можеби ќе има многу други прашања, вели шпанскиот амбасадор во земјава.

За последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ, кој различно беше толкуван од власта, опозицијата, амбасадорот на Шпанија, земјата чие претседавање со Европскста унија завршува на 31 декември, со став дека тоа е разбирливо.

„Дали чашата е полуполна или полупразна, зависи дали си власт или опозиција. Логично е и мора да сме свесни за тоа“, додава Гарсија.

За тоа кои слабите точки на кои ќе мора да се работи, Гарсија вели дека тие се определени со новата методологија и се сместени во кластерот Основи, пред се владеење на правото, правосудството, борба против корупцијата. Токму за борбата противкорупцијата во земјава амбасадорот на Шпанија во Македонија оцена дека мерки се преземени, но мора да се зајакнат со дополнителни чекори.

„Што е реалната волјата и до кој степен ја покажувате таа волја. Тоа не е прашање кое ќе се реши за еден ден. Мора да преземете мерки и да продолжите да применувате мерки, тоа како што реков не се решава веднаш. Би кажал дека постојат сигнали и обврски, во ист време има потреба од резултати и Меѓународната заедница внимава на тоа“, вели Гарсија.

За тоа дали Европската унија ќе биде подготвена за проширување до 2030 година Гарсија со став дека работите се двонасочни. Тој повикувајќи се на декларацијата од самитот во Гранада во која цел параграф е посветен на проширувањето, со барање дека и земјите-кандидати и земјите-членки треба да направата напор во таа насока, амбасадарот на Шпанија во Македонија констатира дека ќе треба да се работи повеќе на тоа.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе