Вести Македонија Топ вести

Покрај уставните измени во преговарачкиот процес пречки може да постават и други земји вели шпанскиот амбасадор Гарсија

Шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија во неделното интервју за РСЕ, вели дека ја поддржуваат земјава да се интегрира во ЕУ, но можни се и други пречки во преговарачкиот процес.

Тој не ја исклучува можноста дека во процесот може да се отворат и други барања од други земји членки, од кои зависи одржувањето на Втората меѓувладина конференција.

За проширувањето, амбасадорот вели дека е важно дали ЕУ е подготвена, но и земјите дали се подготвени.

Дали чашата е полуполна или полупразна, зависи дали си власт или опозиција, рече амбасадорот за извештајот на ЕК за Македонија.

Тој спомена дека се важни и реформите.

Назад во јули 2022 година, заклучоците беа усвоени врз основа на Договорот за пријателство и ова е дел од процес. А тој процес можам да кажам со задоволство дека преговорите беа отворени во јули 2022 година. За да продолжат постои јасен услов, а тоа е промена на Уставот и има потреба од тоа. Дали тоа ќе значи крај на пречките? Не сакам да пратам песимистичка порака, напротив. Она што ние го кажуваме, но и другите ЕУ инстанци, од земјите членки е дека кога сте во процесот, за да се свика Втората меѓувладина конференција, треба да го исполните тој услов, односно да се усвојат уставните измени и тогаш работите ќе добијат друга насока. Можеби ќе има други услови и барања од други земји, но на крајот работите ќе добијат друга димензија и важност. Но можеби ќе има многу други пречки, вели амбасадорот на Шпанија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе