Вести Македонија Топ вести

„IQAir“: Скопјани денеска дишат „нездрав“ воздух

Скопје утрово се разбуди како 7ми град во светот во непопуларната ранг листа најзагадени градови во светот. Според статистиката на сајтот „IQAir“ воздухот во главниот град е во категоријата „нездрав“. Со индекс на загадување 161 Град Скопје утрово за речиси 15 пати ја надмина горната граница која како препорака ја поставе Светската здравствена организација.

Како главен загадувач во главниот македонски град наведени се ПМ2.5 честички со густина од 74 микрограми на кубен метар, а потоа следат ПМ10 честичките со 98.2 микрограми.

Во друштво со Скопје се Карачи во Пакистан и Калкута во Индија, Дака во Бангладеш, Шангај во Кина, а прв на листата е Лахоре во Пакистан иако местата постојано варираат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе