Вести Македонија Топ вести

Мал, но чекор во вистинска насока – економистите и експерти за планот на ЕУ за раст на Западен Балкан

Чекор во вистинска насока, но мал. Вака дел од економистите и експерти за евроинтеграции го оценија Планот за раст на Европската унија за Западниот Балкан на денешната панел дискусија на тема како тој ќе функционира за целиот регион, организирана од Институт за Европска политика. За економистите Планот се уште има и непознатици во делот на неговото спроведување.

„Спроведувањето оди низ две различни патеки, едната е преку владите, а другата преку Балканскиот инвестициски фонд. Многу сум заинтересиран да видам како тоа потоа ќе функционира во однос на имплементацијата. Како овие бенчамарко, овие репери, потоа ќе бидат искоординирани“, изјави Мојмир Мрак од Школа за економија и бизнис во Словенија.

Економистот Бранимир Јовановиќ е на став дека значајно е што Унијата конечно сфатила колку е важно да го вклучи регионот во единствениот европски пазар, при што освен малите придобивки како до сега во делот на роамингот и слично, потребно е да се направи поголем исчекор, особено во делот на царината, документацијата за извоз, како и во нетарифни мерки за сертификати и стандарди. Според Јовановиќ Планот претставува долг стап, но со мал морков, со оглед дека предвидува само две милијарди евра за четири години за целиот регион и четири милијарди во кредити, што, според нив, нема да донесе големи промени во регионот.

Земјите од регионот треба до март да ги достават своите стратегиите за реформи врз основа на кои ќе аплицираат за средствата од Планот. Предлог-текстот на реформската агенда на македонската влада вчера го помина собранискиот филтер и беше презентиран пре Нациналниот совет за евроинтеграции, но на него уште ќе се работи.

„Детално да се разработи, и во однос на реформите, роковите и во однос на проектите. Во превод или во кратки црти тоа би била една реформска агенда“, изјави Дрита Абдиу Халили, државен секретар во Секретаројатот за европски прашања.

За Симонида Кацарска од Институ за европска политика Планот претставува голема можност за земјите од регинот, но и многу од работите се оставени на нив, како предлагање на здрави проекти и спроведување на реформите.

„Самиот план ќе има високо ниво на условеност со реформите и со владеење на правото, што е значително значајно за нас како граѓански сектор бидејќи се надеваме дека може да го користиме како една алатка за притисок за реформи, меѓутоа и за внатрешно гардење консенус“, вели Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика.

Инаку предлог–текстот за реформската агенда на Макеоднија е фокусиран на јавните финансии, јавната администрација, дигитална транзиција, зелена агенда, човечки капитал, деловно опкружување и владеење на правото.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе