Вести Македонија

Пукање во Куманово, маж со две прострелни рани на нозете пренесен во Скопје

Попладнево во центарот на Куманово се случило пукање, потврди СВР Куманово.

Во кумановската болница со возило на Итна помош во 17:38 часот било донесено машко лице со две прострелни рани на двете нозе.

Поради сериозноста на повредите, лицето е испратено за Скопје.

Како што објави кумановскимуабети.мк инцидентот се случил во центарот на градот на паркинг кај улицата „Борис Кидриќ“.

Полицијата најави повеќе детали по завршување на увидот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе