Вести Македонија

Две ипол години затвор за Зекири – во казната му се пресметува и времето поминато во притвор од 1 година

Мухамед Зеќири доби две и пол годишна затворска казна во предметот во кој беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, за склучување на договор со фирмата Интерхолдинг за консултантски услуги за потенцијална приватизација на А.Д. Пошти и Железници транспорт, со што направил штета од над 57 милиони денари на државниот буџет.

Според судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, Зеќири склучил договор во четири очи, без да се даде можност за конкурентски понуди.

  • Мухамед Зеќири виновен е затоа што од април 2021 до март 2022 година, во својство на генсек извршил две временски поврзани дејствија. Како службено лице презел дејствие со намера за друг да прибави имотна корист. На 4.5.2021 година, без спроведување на јавна постапка, склучил договор со фирмата Интерхолдинг на износ од 795 илјади евра без ДДВ, во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани кои не се достапни на органите на прогон“, кажа судијката Јанчулева Михаиловска во пресудата.

Владата пак, ги исплаќала сумите кои ги потпишал Зеќири со Интерхолдинг, со што настанала штета на буџетот.

  • Судот обвинетиот го осудува на казна затвор од 2 години и шест месеци, а во вака изречената казна затвор му се пресметува и времето поминато во притвор и куќен притвор, Се задолжува Мухамед Зеќири да ја надомести штетата 71.338.336 денари во рок од шест месеци по пресудата“, рече судијката.

Зеќири пак, треба да ги плати и сите судски трошоци за судењето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе