-Од Свети Николе кон Миладиновци е затворен поради наноси од снег и подмрзнување на коловозните ленти. Автопатот од Миладиновци кон Свети Николе е прооден со отежнато движење, соопшти вечерва директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
На влезот на автопатот кај Миладиновци две полициски возила стојат на коловозот, а полицајците ги пренасочуваат возилата на други патни правци.
Сообраќајот кон источна и југоисточна Македонија се одвива преку Куманово- Св Николе или преку Велес.
Претходно беа лиферувани сознанија и дека во близина на селото Коњари има излизган камион кој го спречува сообраќајот на делницата.
Сообраќајот отежнато се одвива и кај селото Павлешенце на патот Куманово- Свети Николе, поради ветерот кој носи наноси од снег на коловозот.
Снежните врнежи ги парализираа патиштата во повисоките предели, а на десетина правци има забрани за движење на тешки товарни возила.
Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека сообраќајот Крива Паланка – Деве Баир бил во прекин, поради паднати дрва на патот. Велат дека екипата е на терен и работи на расчистување на патот. На помош пристигнале и локалните општински служби
Од претпријатието известуваат и дека сообраќајот што се одвива од Гостивар – Стража е оспособен за сообраќај, а забраната за тешките товарни возила уште е во сила.
На видеото од Плетвар пак се гледа огромна колона поради тешките услови за возење и излизган камион на патот.
View this post on Instagram