Насилството е исклучително присутно меѓу младите, често и секојдневно. Но, она што загрижува е и што не го препознаваат. Жртвите тагуваат и се повлекуваат во себе. Токму поради насилството кое го трпат од некои нивни врсници не сакаат да одат на училиште или, пак, бираат да се соочат и нападнат, покажува искуството и праксата на психолозите во училиштата. Гордана Блажевска-Спиридонова од скопската гимназија „Никола Карев“ вели дека клучна улога имаат возрасните.
Блажевска-Спиридонова е на став дека токму поради ова мора да се работи на информативната и психолошката компетентност и писменост кај младите за да го препознаваат насилството, но и како да си дадат поддршка на себе или на нивните другарчиња кои трпат насилство. На социјалните мрежи се објауваат и видео клипови на насилство меѓу младите, дел од нив влегоа и во крими билтените на МВР. Истражувањата на ХЕРА покажаа дека посебно на удар на насилството се младите на возраст од 15 до 18 години, а половина од девојчињата и третина од момчињата се соочуваат со психосоматски симптоми.
Експертската јавноста смета дека мора да се говори гласно за менталното здравје на младите, со цел да се отвори дијалог на оваа тема, како и за сексуалното и репродуктивното здравје. Организацијата ХЕРА тоа го прави преку панел дискусиите низ градовите во земјава во кои ги вклучуваат младите, наставниците, но и сите институции.