Вести Македонија

Новиот пакет антикризни мерки на седница на Владата следната недела, најави Тренчевска

Новиот пакетот со антикризи мерки ќе биде разгледан на седница на Владата во вторник следната недела, најави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерката рече дека седницата на Владата е закажана за во вторник и оти со мерките ќе бидат опфатени голем број граѓани и приватниот сектор.

Во вторник ќе има информација што се содржи новиот пакет антикризни мерки, рече Тренчевска, која со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски е во посета на Кавадарци.

Според најавите, во антикризните мерки ќе бидат опфатени најранливи категори на граѓани и пензионери со минимална пензија.

До крајот на годинава во Буџетот се предвидени 75 милиони евра за антикризни мерки, а за идната година дополнителни 55 милиони евра пред се за продолжување на субвенционирањето на цената на електрична енергија, рече премиерот Димитар Ковачевски, минатата недела во телевизиско интервју.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе