И понатаму продолжуваат зголемените контроли во областа на сообраќајот. Во изминатиот период во територијта на град Скопје се изречени вкупно 151 мерка.
Дел од санкциите се за брзо возење, возење без возачка дозвола, непрописно престројување, изречени се и пет санкции за возење под дејство на алкохол, користење на мобилен телефон при возење, недавање првенство на пешаци…
Сообраќајните контроли ќе продолжат и во следните денови, токму затоа се препорачува до возачите внимателно да управуваат со своите возила и да се грижат за почитување на сообраќајната култура.