Лидери и претставници на парламентарните партии, во текот на декември, ќе ги договараат термините и деталите за заеднички претседателски и парламентарни избори во мај. Ќе ги повика премиерот Димитар Ковачевски и на таа средба се очекува и финализирање на измените на изборниот законик кои треба да ги содржат препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
Овие измени веќе се договараат во работната група, во која се придружиле и опозициските партии. Пред меѓупартискиот состанок во собранието, Ковачевски не сака да потврди дали 8 мај е најсоодветниот ден за избори, како што бараат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.